Check out the Latest Articles:

Петтата генерација на Volkswagen Polo доби лимузинска верзија. Автомобилот е претставен во Русија, каде ќе чини 10.000 евра, а се произведува во фабриката во Калуга (околу 160 километри од Москва).PASSAT

Европскиот автомобил на годината доби и лимузинска изведба. Новото Polo е дизајнирано специјално за рускиот пазар, но тоа не значи дека подоцна нема да се најде на другите пазари.Со овој потег, Volkswagen се надева дека ќе отиде чекор подалеку кон постигнувањето на планот годината да ја заврши со продажба од 800.000 возила.Инаку, новото Polo ќе се нуди со 1.6 литарски бензински мотор со моќност од 105 КС и петостепен мануелен или шестостепен секвенционален автоматски менувач.Polo

Лани, Mercedes најави планови за развој на целосно електрична верзија нa нивниот супер автомобил SLS AMG. Сега, Mercedes го откри и првиот прототип на возилото наречено SLS AMG E-Cell.

Електричното возило се разликува од стандарSLS AMGдниот SLS AMG по тоа што 6.3 литарскиот V8 бензински мотор со 571 КС е заменет со четири електрични мотори сместени покрај тркалата кои даваат ефективен погон на четири тркала, црпејќи енергија од литиум-јонска батерија.

Според производителот, електричните мотори произведуваат 392kW или 526 КС, а SLS AMG E-Cell забрзува до стотка за само четири секунди. И сето ова се случува со нулта емисија на СО2.

Mercedes сеуште не може да каже кога SLS AMG E-Cell ќе влезе во производство, но верува дека тоа ќе се случи до 2013 година.SLS AMG

Најскапиот автомобил на светот, цената на златен „Бугати Вејрон Дајмонд“ изнесува 2,4 милиони евра.
Автомобилот е 18 пати помала копија од вистинскиот болид, направен е од 24-каратно злато и платина, украсен со дијаманти.
Вратата, хаубата и управувачот на скапоцената „играчка“ потполно функционираат, чија цена е еднаква на два вистински автомобили од Бугати.
Моделот [...]